Преносно значење - категорија

жаба повеќе

мн. жаби
Вид збор: Именка, женски род
Погрдно, иронично обраќање кон некое лице.
Англиски: frog Албански: bretkocë

жар повеќе

мн. жарови
Вид збор: Именка, женски род
страст, занес
Англиски: passion Албански: zjarr, pasion

жари повеќе

жарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ја надразнува кожата предизвикувајќи црвенило и јадеж.
Англиски: irritate Албански: djeg
Опфатен е од силно чувство.
Англиски: blaze Албански: mbuluar
(се жари) се црвенее, се руменее
Англиски: redden Албански: skuqet

жариште повеќе

мн. жаришта
Вид збор: Именка, среден род
Главно, централно место на нешто; центар на нешто.
Англиски: focus Албански: votër, fokus

жеволи повеќе

жеволат
Вид збор: Глагол, несвршен
Преживува, живурка, живее тешко.
Англиски: exist Албански: rroj

жегне повеќе

жегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Засегне, гибне, боцне некого.
Англиски: touch Албански: prek

жед повеќе

(едн.) жедта
Вид збор: Именка, женски род
Желба, копнеж за некого или за нешто.
Англиски: thirst Албански: etje

жеден повеќе

жедниот
Вид збор: Придавка
Што има голема желба за нешто.
Англиски: thirsty

жеднее повеќе

жеднеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Копнее за некого или нешто.
Англиски: thirst Албански: etem, kam etje

жедник повеќе

мн. жедници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што има желба, што копнее за нешто.
Албански: i etshëm, etës

жеже повеќе

жежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува болка или некое друго непријатно чувство.
Англиски: burden Албански: djegë

жежок повеќе

жешки
Вид збор: Придавка
Што е страстен, пламенен.
Англиски: passionate

железен повеќе

железниот
Вид збор: Придавка
Што е силен, јак како железо.
Англиски: strong Албански: i fuqishëm

жетва повеќе

мн. жетви
Вид збор: Именка, женски род
Плодови, резултати од трудот.
Англиски: yield Албански: të ardhura

жешти повеќе

(се) жештат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се пали, се возбудува.
Англиски: get excited Албански: nxehem, kallem

жив повеќе

живи
Вид збор: Придавка
јасен, светол, изразит, лесно восприемлив
Англиски: vivid Албански: i gjallë

живец повеќе

мн. живци
Вид збор: Именка, машки род
Енергично, нескротливо лице.
Албански: energjik, i gjallë

живодер повеќе

мн. живодери
Вид збор: Именка, машки род
суров, жесток, безмилосен
Англиски: scavenger Албански: i vrazhdë, i pamëshirshëm

животно повеќе

мн. животни
Вид збор: Именка, среден род
груб, некултурен човек
Англиски: animal Албански: kafshë

жиг повеќе

мн. жигови
Вид збор: Именка, машки род
Обележје, одлика што трајно се остава врз нешто.
Англиски: mark Албански: shënojë
Срам, лош белег врз името, врз личноста.
Англиски: shame Албански: turp

жигоса повеќе

жигосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Осуди, обвини некого.
Англиски: presentence Албански: damkoj, gjykoj

жигосан повеќе

жигосаниот
Вид збор: Придавка
Што е осуден, обвинет.
Англиски: labelled

жилав повеќе

жилави
Вид збор: Придавка
Што е здрав, издржлив.
Англиски: resistant Албански: i fortë

жица повеќе

мн. жици
Вид збор: Именка, женски род
наследна особина
Албански: tipar trashigimorë
Посебна дарба за нешто.
Англиски: talent Албански: talent

жнее повеќе

жнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Собира, добива плод, резултат од работа.
Англиски: collect Албански: vjel, mbledh

жолчен повеќе

жолчниот
Вид збор: Придавка
Што е пакосен, злобен, зајадлив.
Англиски: evil

жонглер повеќе

мн. жонглери
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вешто ги мести работите, ги извртува фактите и зборовите како што му одговара.
Англиски: juggler Албански: zhongler

жонглира повеќе

жонглираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Си игра или ги измамува своите клиенти.
Англиски: juggle Албански: zhongloj, përqesh

жуберка повеќе

жуберкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи полека, бавно.
Англиски: saunter Албански: punon ngadalë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш